Утрински Весник
Спорт

Мецелдер признал дека поседувал детска порнографија?

Мецелдер признал дека поседувал детска порнографија?

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Криштоф Мецелдер пред административниот суд во Диселдорф признал дека поседувал детска порнографија, тврди германскиот весник „Дер Шпигел“, повикувајќи се на соопштението кое го објавил судот.

Обвинителите тврдат дека Мецелдер поседувал 297 фајлови со детска порнографија и дека пратил 29 фотографии и видеа преку апликацијата Ватсап од јули до септември 2019 година. Одлуката судот да излезе со вакво соопштение не значи дека тој ги признал сите обвиненија, но судот тврди дека јавниот интерес бил пред приватниот бидејќи Мецелдер е поранешен фудбалер кој е познат на јавноста.

Судот исто така посочува дека Мецелдер бил амбасадор за Светското првенство во Германија во 2006 година, работејќи со фондација за поддршка на деца и млади луѓе, поради што си направил имиџ на „човек со висок морален интегритет“.

Ексфудбалерот на Реал, Мецелдер обвинет за ширење детска порнографија!

> Мецелдер признал дека поседувал детска порнографија? <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Алонсо доби отказ во Реал Мадрид

Манчестер јунајтед елиминиран од Брајтон во ФА Купот

Андреа Бочели ќе настапи на церемонијата на отворање на ЗОИ 2026