Утрински Весник
Магазин

Мет Дејмон е многу среќен за Бен и Џенифер

Мет Дејмон е многу среќен за Бен и Џенифер

Мет Дејмон ја искоментира обновената романса на својот долгогодишен пријател Бен Афлек со пејачката Џенифер Лопез и нагласи дека неговиот пријател ја заслужува сета среќа.

50-годишниот актер за „Екстра“ рече: Многу ми е мило за него. Тој е најдобар, ја заслужува сета среќа на светот. Драго ми е и за двајцата”.

Двојката – која требаше да се венча во 2003 година, но ја одложи својата венчавка поради „претерано медиумско внимание“ пред да ја откаже свршувачката следната година – последниве месеци повторно се зближи по разделбата на Џенифер со Алекс Родригез.

Џенифер и Бен моментално се на романтично бегство во Сен Тропе, каде во саботата вечерта со група пријатели го прославија нејзиниот 52. роденден во ноќен клуб на француската ривиера.

Можете да прочитате

Ран знак за рак на белите дробови: Што откриваат врвовите на прстите

Кардиолозите предупредуваат: Оваа навика го старее срцето побрзо и од пушењето

Ал Пачино за непријатното искуство на сет: „Тоа ме погоди длабоко“