Утрински Весник
Македонија

Метеж и собирања на граѓани во Тетово пред банките поради издавањето на државните платежни картички

Метеж и собирања на граѓани во Тетово пред банките поради издавањето на државните платежни картички
Dik 300x250 mk

Тетово, 15 јуни 2020 (МИА) – Голем метеж и собирање на луѓето се евидентни денес пред банките, поштите и другите институции на државно и локално ниво поради издавањето на државните платежни картички за помош на населението во ситуацијата со Ковид-19.  Градоначалничката Теута Арифи смета дека установите пред кои се собираат граѓаните треба да го зголемат број на службеници за да оди полесно издавањето на картичките што претставува периодична состојба.

абележана зголемена посетеност на граѓаните на банките, што е поврзано со издавањето на домашни платежни картички. Со цел да се избегнат непожелни сценарија на евентуална инфекција како резултат на масовно собирање на луѓе, апелираме до комерцијалните банки да го зголемат бројот на службеници на шалтерите и на влезовите на банките, вели Арифи, по денешната средба со претставниците на други институции од Кризниот штаб.

На новинарско прашање зошто според договор од април нема повеќе полицајци и војници, таа вели дека договореното е на сила но сепaк смета дека тоа се времени собирања.

Треба да се има во предви дека полицијата и војската имаат полни раце работа на терен. Сега кога нема забрана за движење има другите пробелми па полицијата е потребна на терен, истакна Арифи. ас/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош