Утрински Весник
Македонија

Метаморфозис: Високо ниво на дезинформации во дел од домашните медиуми и на социјалните мрежи во врска со коронавирус

Метаморфозис: Високо ниво на дезинформации во дел од домашните медиуми и на социјалните мрежи во врска со коронавирус

Скопје, 19 март 2020

Фондацијата Метаморфозис регистрираше исклучително високо ниво на дезинформации во дел од домашните медиуми и на социјалните мрежи во врска со новиот корона вирус (SARS-CoV-2) и болеста што ја предизвикува односно COVID-19. Дел од овие објавени дезинформации содржат совети за граѓаните кои се толку опасни што можат да предизвикаат зголемување на бројот на заболени и загрозување на јавното здравје. Затоа во прилог ви испраќаме екстензивен преглед на објавените проверки на овие дезинформации кои можете да ги преземете во целост со наведување на изворот, но можете и самите да ја проверите нивната веродостојност со цел што е можно поголем број на граѓани да бидат свесни за ризиците на кои може да се изложат ако ги следат тие препораки.

Овие содржини редовно се ажурираат од страна на нашиот тим и можете на едно место да ги најдете на следниот линк: https://crithink.mk/dezinformaczii-i-manipulaczii-za-noviot-korona-virus-kovid-19/

Демаскирани дезинформации поврзани со природата на болеста, превенција или лекување

·        УНИЦЕФ предупредува дека во нивно име се шират низа дезинформации за корона-вирусот

·        Корона-вирусот не чека 4 дена во грлото да го истерате со гаргара од солена вода или оцет

·        Ниту лековити билки, ниту сребрена вода не го уништуваат вирусот

·        Вирусот не умира на 27°C и не се отстранува со „измивање“ со вода и чаеви

·        Лага е дека од вирусот заштитуваат вода за гаргара, антибиотици, лук…

·        Корона-вирусот не е „безопасна“ „настинка“ како што тврдат антиваксери

·        Не, корона-вирусот не се лечи со алкохол!

·        Корона-вирусот не се пренесува преку пратки на „Али експрес“

·        Витаминот Ц и прополисот не се лек за корона-вирусот

·        Пиење топла вода и сончање не го убиваат вирусот

Законски рамки и новинарски стандарди

·        За ширење лажни вести за „Ковид 19“ може да се заврши и во затвор

·        Советот за етика во медиумите повикува за одговорно известување

·        ЗНМ и СЕММ со препораки за заштита на медиумските работници

·        Како да се известува одговорно за корона-вирусот – совети за новинари

·        Корона вирусот, граѓаните и моралната одговорност за спречување на „инфодемијата“- паниката

Политички манипулации

·        Eпидемијата со корона-вирусот во паралела со смислени лажни вести

·        Контраспин: Не треба се прави изборна кампања врз корона-вирусот!

Ситуацијата во Дебар

·        Неодговорно и опасно ширење паника и страв за Дебар

·        Дебар не остана без епидемиолог

Обиди за експлоатирање

·        Не – СДСМ не е во карантин, а ширењето дезинформации за корона-вирусот е кривично дело

·        Директорката не била на свадба кај генералниот секретар на СДСМ

·        Злонамерно претставување на докторката како „миленичка“ на министерот за здравство

·        Неумесни шеги против министерот за здравство, спротивни на новинарските стандарди

·        Демантирани клевети за професори од средното медицинско училиште во Битола

·        Контраспин: Користење на епидемија за политички поени пред избори е неетички

Дискредитација на индивидуални личности

·        Тенденциозна објава за дискредитација на скопскиот градоначалник Петре Шилегов

·        Лажна вест е дека Елена Лука е пациентката заболена од коронавирус

Научно-непотврдени тврдења кои злоупотребуваат религија, верски уверувања или суеверија

·        Верските заедници и коронавирусот: Дали црквите и џамиите времено ќе ги затворат портите?

·        Сензационалистичка и неодговорна објава дека Нострадамус го предвидел корона-вирусот!

·        Руски верски текстови за наводни пророштва сеат паника за новиот корона-вирус

Теории на заговор – непотврдливи приказни чиј краен ефект е намалување на довербата во институциите на системот

·        Теории на заговор за корона-вирусот како биолошко оружје

·        Ширење теории на заговор за вирусот како вештачка (антикинеска) творба на фармацевтската индустрија преку контактни емисии на ТВ

·        Дезинформации во Грција за средство за дезинфекција однапред подготвено за корона-вирусот

Мамки за кликови (click bait) – привлекување посети и лајкови преку сензационализам

·        Скопскиот аеродром не беше затворен на 14 март

·        Јавноста е доволно вознемирена за коронавирусот – не ѝ требаат снимки од ковчези

·        Фотографијата со лицето што дезинфицира автобус е направена во Полска, а не во ЈСП Скопје

·        Чичкото што продава медицински маски е фотографиран во Романија, не во автобус на ЈСП Скопје

Дезинформации за и од балканскиот регион

·       Дезинформациите за Ковид-19 се шират побрзо од самиот вирус

·        Марија Вучиќ: Србија е преплавена со дезинформации за корона вирусот, лукот, бруфенот, вотката…

·        Српски портал шири лажни вести за американска вежба „Европа Дефендер 20“ е откажана поради коронавирусот

·        Не е вистина дека сомнителни примероци за корона-вирус од Косово се испратени во Тирана

·        Tеории од пензиониран епидемиолог се шират во српски и босански медиуми

·        Дезинформациите за мигрантите во регионот наспроти оние за коронавирусот

·        Дезинформации за болни свештеници во Црна Гора и за хируршки маски во Грција

·        Епидемија на дезинформации за корона-вирусот во Србија и во Грција

·        Кликбејт: Босански портали лажеа дека вирусот е во регионот, а „носителот“ остана во Индија

Дезинформации и пропаганда поврзани со други земји

·        Повторно дезинформации дека корона вирусот е „американско оружје“

·        Руско-српски дезинформации за „руски спасители со лек за корона-вирусот“

·        Дали Северна Кореја навистина егзекутира пациент со корона-вирус?

·        Ширење паника од несигурни извори за наводно криење на бројот на заболени во Кина

·        Кинезите не изградија болница за неколку дена, туку адаптираа постоен објект

·        Снимките наречени „Пазарот на ужасот“ се од Индонезија, а не од кинескиот град Вухан

Вести

·        Секција со најнови вести за корона-вирусот на новинската агенција Мета.мк.

·        Анти-дезинфoрмациски профили @kritink_mk@vistinomer@meta_agency

Фондација Метаморфозис

__________________________________________________________________________-

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор