Утрински Весник
Спорт

Меси со катастрофална статистика во последните 2 меча

Фудбалерите на Барселона се вратија на тренинзи во базата на клубот

Барселона, 28 јуни 2020 (МИА) – Капитенот на Барселона, Лионел Меси, се чини дека има некои проблеми кои влијаат на неговата игра. Според „Сквавка“, на последните 2 натпревари на каталонскиот тим, тој нема прецизен удар кон голот на противникот.

Во последните 2 кола од Ла Лига, Барселона играше против Атлетик (Билбао) (1:0) и Селта (2:2). Кај нив, Меси упати вкупно 14 удари кон голот, но ниту еден од нив не беше прецизен.

Сепак, сезоната на аргентинската sвезда е успешна во индивидуални рамки. На 35 одиграни натпревари на сите турнири, тој постигна 26 голови и даде 19 асистенции.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина