Утрински Весник
Спорт

Меси се договорил со ПСЖ, утре ќе биде промовиран во нов играч на „светците“

Меси се договорил со ПСЖ, утре ќе биде промовиран во нов играч на „светците“

Лионел Меси постигнал договор со ПСЖ, објавија шпанските и француските медиуми. Аргентинецот, во текот на денот, ќе пристигне во Париз, каде ќе треба да му бидат извршени медицинските прегледи. ПСЖ, утре, официјално ќе го претстави Меси.

Месиманија го зафати Париз. Навивачи на ПСЖ, од вчера, кампуваат на малиот аеродорм Бурже. Тие чекаат да го поздрават најголемото засилување во клупската историја.

Меси со ПСЖ ќе потпише двегодишен договор, со опција соработката да биде продолжена на уште една година. Аргентинецот, како што објави „Лекип“, ќе има неделна плата од 769.000 евра, однос годишно ќе заработува 40 милиони евра.

> Меси се договорил со ПСЖ, утре ќе биде промовиран во нов играч на „светците“ <

Можете да прочитате

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026