Утрински Весник
Спорт

Меси реши да го прекине молкот

Барса на Меси му нуди 10-годишен договор

Еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, Лионел Меси, решил да го прекине петмесечниот молк. Аргентинецот од 28.декември минатата година не дал ниту едно интервју, не бил на ниту една прес конференција и не дал ниту една изјава по мечевите на Барселона.

Договорот на Лионел Меси со Барселона истекува на 30.јуни, дали ќе остане на „Ноу Камп“ или ќе го напушти клубот би можел да открие во интервјут за аргентинскиот „Оле“.

Од познатиот магазин најавиле дека интервјуто со Меси ќе го објават во сабота на 22.мај.

Статусот на Меси во Барселона е под лупа на светската јавност, од август минатата година, кога клубот не му дозволи да го раскине договорот.

Работите се сменија со заминувањето на Џозеп Марија Бартомеу и враќањето на претседателската функција на Џоан Лапорта.

Ситуација со Меси внимателно ја следат ПСЖ и Манчестерр сити.

> Меси реши да го прекине молкот <

Можете да прочитате

Шест недели Ливерпул без Алисон

Во финалето на ВНБА ќе играат Минесота Линкс и Њујорк Либерти

Ристовски: Пандев, Лазаров и Иџе веќе нема да рекламираат обложувачници и казина