Утрински Весник
Спорт

Меси почнал да учи француски, го носи ли патот во Париз?

Меси почнал да учи француски, го носи ли патот во Париз?
Dik 300x250 mk

Иако аргентинскиот ас од Барселона, Лео Меси, во интервју пред неколку дена рече дека нема да одлучува за својата фудбалска иднина пред да заврши тековната сезона, од Франција стигнуваат други бранувања. Во земјата на „галските петли“ се чини сакаат по секоја цена да го видат аргентинскиот фудбалски виртуоз во дресот на ПСЖ пред да му истече договорот со Каталонците.

Пред една недела спортскиот директор на „светците“ наведе дека играч од типот на Меси секогаш бил на радарот на овој клуб, а соиграчот на Меси од репрезентацијата, Леандро Паредес, посочи и дека постојано го следат аргентинскиот ас, но одлуката дали ќе дојде во Париз е исклучително само на играчот.

На целата оваа мешаница, еден од најдобро упатените француски спортски новинари, Жефри Герети (ТВ „Канал плус“), изјави дека целото семејство на Меси учи француски, одат на приватни часови.

„Зошто учи француски ако потпише за Манчестер сити? Нема смисла. Оваа информација, која можам да ја потврдам, е од многу доверлив извор“, изјави Герети.

Додека траат турбуленциите во Франција, Меси ќе може да се врати на теренот веќе на дуелот против Рајо Ваљекано по заработената суспензија од 2 меча поради црвениот картон против Атлетик Билбао.

> Меси почнал да учи француски, го носи ли патот во Париз? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја