Утрински Весник
Спорт

Меси: Поразот од Реал не уништи, а Бензема ја заслужи „Златната топка“

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси изјави дека Карим Бензема треба да ја добие „Златната топка“, а поразот од Реал Мадрид во ЛШ ја уништил сезоната на Пари Сен Жермен.

„Бензема имаше спектакуларна година. Тој беше најважниот играч на Реал Мадрид во нокаут фазата“, изјави Меси.

Реал Мадрид го исфрли ПСЖ во осмина-финалето и подоцна го освои трофејот во елитното европско клупско натпреварување.

„Знам што е Реал и како игра. Тие даваат гол од ништо и ја менуваат играта. Не е првпат да бидат вака, сум го доживеал тоа и во Ла Лига. Оваа сезона ги победија и Челси, Манчестер Сити и Ливерпул и заслужено се на врвот. Поразот од Реал не уништи и нас“, потенцираше Аргентинецот.

> Меси: Поразот од Реал не уништи, а Бензема ја заслужи „Златната топка“ <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина