Утрински Весник
Спорт

Меси: Понекогаш е тешко да бидеш Меси

Меси: Понекогаш е тешко да бидеш Меси

По повод 25 години од основањето на „Оле“, аргентинскиот магазин обезбеди интервју со Лионел Меси. Меси, нема да игра за Барселона во последното коло во Ла Лига, против Еибар. Клубот пред време го пушти Аргентинецот на одмор, откако остана без шанси да се бори за шампионскиот трофеј.

„Дали е тешко да бидеш Меси? Понекогаш да. Понекогаш само сакам да бидам нормална личност, да правам работи што ги прават сите други. Да излезам во шопинг или на некое друго место е многу тешко. Не дека сите ме препознаваат и сакаат да се фотографираат, туку зато што има денови кога едноставно не се чувствувам добро. Јасно ми е дека луѓето сакаат автограм или фотографија, но некогаш едноставно не сум расположен, а тоа често ми се случува. Но со тоа морам да живеам и немам право да се жалам“, рекол Меси.

Аргентинецот живее со сопругата Антонела и трите деца, со кои минува многу време.

„Не излегуваме многу бидејќи им сме посветени на децата. Имам среќа што можам многу време да поминувам со нив, знам дека има родители кои работат по цел ден и немаат време да им се посветат на децата. Така беше и кога јас бев дете. Мојот татко работеше од утро до мрак за да имаме се што ние потребно. Јас сум со моите деца по цел ден. Ги носам на тренинзи, одам по нив да ги земам од градинка, се дружам со родителите на нивните другари. Тоа се прекрасни луѓе, меѓу нив се чувствувам како уште еден родител во групата“.

Лионел Меси е познат како пасиониран колекционер на дресови на други фудбалери. Во интервјуто одговорил на прашањето дали му недостигна некој дрес?

„Жал ми е што кога бев млад не побарав дрес од Бразилците Роналдо Роберто Карлос. Кога бев млад им се восхитував. Низ кариерата ги собрав сите дресови што сакав да ги имам. Но би сакал да ги имам и дресовите на овие двајца“, открил Меси.

> Меси: Понекогаш е тешко да бидеш Меси <

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ