Утрински Весник
Спорт

Меси: Одложувањето на Купот на Америка беше огромно разочарување за мене

Аргентина се спаси од пораз на дуелот со Парагвај

Барселона, 27 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Барселона и аргентински репрезентативец, Лионел Меси го сподели своето мислење за неодржувањето на Купот на Америка поради пандемијата на коронавирус.

– Одложувањето на Купот на Америка беше огромно разочарување за мене. Но, ова требаше да се очекува, разумна одлука. Купот на Америка би бил голем настан за мене. Јас би бил многу среќен што повторно учествував на овој турнир. Ме мачеше веста за трансферот, но реагирав на ова со разбирање, изјави аргентинскиот фудбалер.

„Копа Америка“ требаше да се игра претстојното лесто (12 јуни – 12 јули) во Аргентина и Колумбија.

Натпреварувањето е одложено за 2021 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем