Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Меси не дал гол на четири меча

Меси не дал гол на четири меча
300x250 opst2

Барселона, 16 февруари 2020 (МИА) – Лионел Меси е без гол за Барселона во последните четири меча што е доволно за шпанските медиуми да заклучат дека Аргентинецот е во криза каква не паметат во последните шест години.
Меси не се впиша во листата на стрелци против Валенсија, против Леванте, против Бетис и вчера против Хетафе. Па, педантните статистичари на Пиринеите забележуваат дека последен пат ова било случај со аргентинскиот ас во јануари во 2014 година.
Пред Барселона е двомеч со Наполи во Лигата на шампиони, а навивачите на каталонскиот клуб се надеваат дека нивната прва ѕвезда дотогаш ќе го намести нишанот. Не е далеку ниту „Ел Класико“, вечното дерби во шпанскиот фудбал меѓу Барселона и Реал Мадрид кое е закажано на 1 март.
Голгетерската криза, Меси ја надоместува со асистенции. Аргентинецот „намести“ шест од последните седум гола за Барса, меѓу кои и водечкиот на Антоан Гризман во конечните 2:1 вчера попладне против Хетафе.
Меси досега има 12 асистенции во 19 лигашки настапи. Само една повеќе имаше во цела мината сезона во која одигра 34 натпревари. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН