Утрински Весник
Спорт

Меси за конфликтот со Абидал: Не можев да дозволам спортскиот директор така да ме нападне

Барселона му нуди нов договор на Меси

Барселона, 21 февруари 2020 (МИА) – Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, уште еднаш се осврна на конфликтот со клупскиот спортски директор Ерик Абидал.

– Не знам што се случи со него и зошто го рече тоа. Но, одговорив на неговите зборови затоа што се чувствував нападнато. Премногу се зборува дека играчите отпуштаат и назначуваат тренери, носат играчи во клубот. Ова е особено насочено кон мене. Се мисли дека имам големо влијание и донесувам одлуки. Се чувствував непријатно за тоа што го кажа спортскиот директор, нагласи Меси.

Тој потенцира дека во центарот на таквата одлука како оставка на тренерот е Абидал и побара да преземе одговорност.

– Неговата изјава прво ги навреди сите фудбалери и затоа му реков да даде конкретни имиња и да каже на кого мисли. На лично ниво, исто така мезасегна. Веќе зборував за ова погоре. Не е точно дека јас одлучувам за назначување и отпуштање на тренерите, нагласи Аргентинецот.

Спортскиот директор на Барселона, Абидал по заминувањето на поранешниот тренер Валверде, изјави дека некои фудбалери не го давале максимумот и поради тоа влезе во конфликт со ѕвездата на каталонскиот клуб. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство