Утрински Весник
Спорт

Меси би сакал во Барселона да го види Нејмар, а не Лаутаро

Меси поставил сериозен ултиматум на Барса за враќање на Нејмар?

Барселона, 23 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси сака напаѓачот на ПСЖ, Нејмар да се врати во тимот.

Извори во каталонскиот клуб тврдат дека доколку има избор меѓу Нејмар и Лаутаро Мартинез од Интер, Меси би го избрал Бразилецот.

Во исто време, самиот Мартинез би сакал да замине во Барселона и да игра со својот сонародник Меси.

Барса веќе долго време се интересира за 22-годишниот аргентински фудбалер на Интер, меѓутоа, како што претходно беше соопштено, веројатно нема да може да си го дозволи неговиот трансфер. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026