Утрински Весник
Спорт

Мерцедес негира дека преговара со Фетел

Волф: Не преговараме со Верстапен

Бракли, 20 мај 2020 (МИА) – Шефот на Мерцедес, Тото Волф се премисли и почна да негира преговори со Себастијан Фетел.

Претходно, Австриецот призна дека не може а да не ја следи ситуацијата околу иднината на Себастијан и разгледува можен договор.

Претходно, четирикратниот светски шампион објави дека оваа сезона е негова последна во Ферари и двете страни ќе се разделат на крајот на годината.

– Ние сме лојални на нашите сегашни возачи и не сакаме да ги започнеме разговорите во време кога сезоната дури не започнала, вели Волф.
Шесткратниот светски шампион Луис Хамилтон и Валтери Ботас имаат договор со Мерцедес до крајот на сезоната 2020 година и прво ќе се преговара со нив, пред евентуално Волф да погледне надвор од сегашниот пилотски состав.

– Би било одлично од германска гледна точка, но мора да останеме верни на нашите принципи. Лојалноста е важна и е една од нашите вредности, заклучи шефот на шампионите.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство