Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Меркел ја призна својата најголема корона-грешка

Меркел ја призна својата најголема корона-грешка
Img 7972

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел изјави дека најслаб момент во борбата против пандемијата била заштитата на домовите за стари лица минатата зима, кога најмалку 30.000 луѓе починаа од инфекција со коронавирусот.

Меркел во интервју за дневниот весник „Зидојче цајтунг“ изјави дека тоа е фаза која сè уште ја растажува.

„На Божиќ минатата година, кога веќе имавме тестови, напорите на владата траеја премногу долго, додека во домовите за стари лица и домовите за нега биде воведен режим за тестирање со цел да се заштитат штитениците“, објасни таа.

Меркел рече дека лично се обидела да помогне во воведувањето тестови во телефонски разговори околу Божиќ.

„И покрај тоа, беше потребно премногу време за да се примени тестирањето. Тоа беше најслабиот момент во борбата против пандемијата“, истакна канцеларката.

Можете да прочитате

Масовно пукање во ресторан во САД: Четири мртви, 20 повредени

„Тајмс оф Израел“: Ослободувањето на заложниците ќе започне помеѓу 4 и 6 часот наутро во понеделник

Иран: Поддршката за договорот за Газа не значи одобрување на политиката на САД