Утрински Весник
Свет

Меркел ја презеде набавката на вакцини во свои раце

Меркел ја презеде набавката на вакцини во свои раце

Откако владата се најде под жестоки критики поради недоволното снабдување со вакцини против коронавирус, германската канцеларка Ангела Меркел ја презеде работата во свои раце, и му одзеде дел од овластувањата на министерот за здравство Јенс Шпан.

Германската влада на утрешниот состанок, според извештаите на медиумите, ќе разгледа начини за решавање на проблемот со недостаток на вакцини што произлегоа од процесот на набавка на ЕУ.

Формирана е работна група, составена од министерот Шпан, министерот за економија Питер Алтмаер, министерот за финансии Олаф Шолц и шефот на нејзиниот кабинет Хелге Браун.

Патем, Шпан ги отфрли критиките во врска со набавката на вакцината.

„Фактот дека сега на почетокот имаме малку вакцини, и дека треба да поставиме приоритети при вакцинацијата, нема никаква врска со нарачаната количина, туку со фактот дека производствениот капацитет е ограничен на почетокот“, објасни тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: „Нема договор, но сме блиску“ – Путин: „Ова е почетна точка“

Путин и Трамп со заедничка прес-конференција во живо

Трамп и Путин слетаа во Алјаска