Германската канцеларка, Ангела Меркел, утре во официјална посета на Србија, а задутре во Албанија.
Како што е најавено, пред Палатата на Србија ќе биде организиран свечен прием, по што Меркел ќе има средба со српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Заменик-портпаролот на германската влада, Мартина Фиц најави дека во фокусот на разговорите меѓу двајцата државници ќе бидат поставени важни прашања.
„ Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи, економско-политичките односи и прашањата од европска перспектива“, изјави Фиц. По разговорот меѓу двајцата државници, Меркел и Вучиќ ќе дадат изјави за медиумите.
За посетата на Меркел, Вучиќ изјави дека тоа е голема чест за Србија.
„ Сакам да ѝ се заблагодарам за се што направи за Западен Балкан. Никогаш нема да заборавиме што направи за нас во 2015 година, кога Хрватска воведе санкции кон Србија. Имав чест и можност да ја угостам на крајот од нејзиниот мандат. Мислам дека ќе биде, додека таа е канцелар, а можеби и една од последните посети и голема чест за Србија “, рече тогаш Вучиќ.
Од Србија, Меркел задутре продолжува за Албанија, каде што ја завршува турнејата на Балканот.
Тој додаде дека е важно да разговараат за сите важни регионални настани со Меркел.