Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Меркел со порака до младите: Мислете на најблиските, на здравјето на вашите баби и дедовци

Младите во светот со неодговорното однесување го шират коронавирусот
Img 7972

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска по разговорите со градоначалниците на најголемите градови во Германија изјави дека главната цел за претстојната есен и зима е да се избегне нов карантин и да им се овозможи на училиштата и градинките да продолжат да работат.

„Ние сме на пресвртна точка во одлуката каде ќе биде Германија кога е во прашање пандемијата на коронавирус во текот на есента и зимата“, рече германската канцеларка по разговорите со градоначалниците.

Како што пренесуваат германските медиуми на состанокот било одлучено автоматски да се воведат дополнителни мерки за борба против ширењето на вирусот доколку бројот на новозаболени во рок од една недела порасне над вредноста од 50 на 100.000 жители.

Мерките вклучуваат обврска да се носат маски на јавни површини со голем број луѓе и каде што не е можно да се одржи растојание од 1,5 метри. Понатаму, ќе се воведува и забрана за продажба на алкохол, ограничувања во работењето на угостителски објекти и ограничувања на бројот на луѓе на приватни и јавни собири.

Германската канцеларка исто така им се обрати на младите како дел од населението кој е сè повеќе вклучен во ненадејниот пораст на бројот на новозаразени, особено во поголемите градски центри како Берлин.

„Размислете што е важно за вас. Тоа секако го вклучува и здравјето на вашите родители, баби и дедовци, како и состојбата на пазарот на трудот и образованието следната година. Зарем тоа не е вредно за да се покаже малку трпеливост?“, запраша германската канцеларка, додавајќи дека Германија докажала дека може да се спротивстави на вирусот.

Во Берлин, градските власти веќе донесоа одлука за кафулињата да се затовраат по 23 часот, ноќна забрана за продажба на алкохол, како и за ограничување на бројот на луѓе собрани на приватни и јавни настани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 350 туристи спасени по снежна бура на Монт Еверест

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура