Утрински Весник
Македонија

Меркел разговарала со Борисов за Македонија, очекува решение во блиска иднина

Меркел разговарала со Борисов за Македонија, очекува решение во блиска иднина

Германската канцеларка, Ангела Меркел вели дека разговарала со бугарскиот премиер, Бојко Борисов за блокадата за Македонија.

Одговарајќи на пратеничко прашање во Бундестагот, Меркел изрази очекување за надминување на бугарската блокада во блиска иднина, пренесе Дојче Веле.

Германската канцеларка вчера во Бундестагот беше критикувана од пратеникот од нејзината партија ЦДУ, Гинтер Крихбаум во врска со неуспехот на германското претседателство со ЕУ да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија до крајот на годинава, како што беше ветено.

Крихбаум оцени дека јавноста уште еднаш била сведок на злоупотребата на правата на земјите-членки во рамките на ЕУ.

Тој ја праша Меркел како ги оценува шансите во блиска иднина да се надмине блокадата на Бугарија, на што таа кусо одговори: „Уште еднаш разговарав со бугарскиот премиер Бојко Борисов и се надевам дека овие прашања ќе се надминат во блиска иднина“.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пожари на повеќе локации во Струмица

Вчера шест обиди за измами со лажен лекар или полициски службеник на подрачјето на СВР Велес

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР, стратешкото партнерство ја зајакнува безбедноста на државата