Утрински Весник
Свет

Меркел призна за грешките: Германците сакаат сè да биде под конец, затоа добивме многу критики

Меркел призна за грешките: Германците сакаат сè да биде под конец, затоа добивме многу критики

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека нејзината влада направила грешки, вклучително и плановите за велигденско заклучување, кои мораа да бидат поништени.

Во едночасовно телевизиско интервју доцна синоќа, Меркел изрази фрустрација за постапките на гувернерите на одредени германски покраини, вклучително и членови на нејзината партија, кои се спротивставија на построгите ограничувања за кои претходно се договориле, објави „Ројтерс“.

Но, Меркел, која нема да се кандидира на националните избори во септември, рече дека до крајот на летото ќе му биде понудена вакцина на секој возрасен жител, инсистирајќи на тоа дека Германија сепак се држи добро во споредба со повеќето соседи.

„Можеби понекогаш сме перфекционисти и сакаме да сториме сè како што треба, бидејќи е очигледно дека оној што ќе направи грешка, секогаш се соочува со многу критики во јавноста“, истакна Меркел.

Таа изјави дека сепак мора да има флексибилност.

„Верувам дека тоа е атрибут што можеби ние Германци треба да го научиме, заедно со нашата тенденција кон перфекционизам“, нагласи германската канцеларка.

Меркел рече дека очекува значително зголемување на снабдувањето со вакцини и почеток на вакцинирање во општите лекарски ординации веќе следниот месец, со цел да се поттикне програмата за вакцинација.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно