Утрински Весник
Свет

Меркел по критиките почна да носи маска

Меркел по критиките почна да носи маска

Германската канцеларка, Ангела Меркел, почна да носи заштитна маска во јавноста, откако беше цел на критики поради тоа што не ја носеше, и покрај препораките на владата за сузбивање на коронавирусот.

Меркел се појави денес во горниот дом на германскиот парламент со црна маска, на која е логото на германското претседателство на Европската Унија.

Ја симна маската дури откако го зазеде местото во салата, на пропишано растојание од другите службени лица, пренесува АП.

Меркел беше фотографирана со слична маска вчера за време на средбата со гувернерот на германската сојузна држава Берлин.

Текстот Меркел по критиките почна да носи маска е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кремљ: Се подготвуваат големи трилатерални преговори за мир во Украина

Во САД од почетокот на годината регистрирани се повеќе од 1.100 случаи на мали сипаници

Тешка несреќа со трамвај во Милано – загина најмалку едно лице