Утрински Весник
Свет

Меркел: Постои разлика во тоа дали моите родители ќе умрат на 80 или на 90 години

Меркел: Постои разлика во тоа дали моите родители ќе умрат на 80 или на 90 години

„Некои луѓе се решени да ги доведат во прашање мерките воспоставени во пандемијата на коронавирус во обид да ги заобиколат“, рече германската канцеларка Ангела Меркел, нарекувајќи го таквото однесување катастрофално.

„Некои избраа да се однесуваат поудобно поради фактот што вирусот претставува поголем ризик за постарите луѓе“, им рече Меркел на студентите кои разговараа со канцеларката на онлајн форум.

„Но, постои разлика во тоа дали моите родители ќе умрат на 80 или на 90 години“, додаде Меркел.

„Другите бранови на пандемијата се обично најопасните“, предупреди канцеларката, повикувајќи ги граѓаните сериозно да ја сфатат ситуацијата.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран подготвува одговор на предлог договорот – актуелниот „во никој случај не е прифатлив“

Иран потврди: Го разгледуваме мировниот план

Сијарто: Власта во Србија спречи терористички напад