Утрински Весник
Свет

Меркел повеќе не сака да коментира за Русија

Меркел повеќе не сака да коментира за Русија

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во моментов не планира повеќе јавно да зборува за Русија.

На крајот на февруари Меркел го осуди рускиот напад врз Украина.

Од нејзиниот кабинет изјавија дека нејзината изјава се уште е валидна и дека не се планира натамошна јавна изјава.

Нејзиниот портпарол додаде дека Меркел моментално е на приватно патување во Италија.

Италијанскиот дневен весник „La Nacione“ објави фотографии од Меркел во Фиренца, каде што ги посети музеите во придружба на поранешната амбасадорка во Ватикан Анет Чаван.

Меркел преку писмена изјава го осуди рускиот напад врз Украина и ги поддржа напорите на нејзиниот наследник, канцеларот Олаф Шолц, да го запре вооружениот конфликт.

Можете да прочитате

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади

Откриени првите детали од договорот: Еве што би можеле да добијат САД на Гренланд

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега