Утрински Весник
Свет

Меркел: Нема посебен третман за вакцинираните лица

Меркел: Нема посебен третман за вакцинираните лица

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека во моментов е против посебен третман за луѓето кои биле вакцинирани.

„Сè додека бројот на вакцинирани е многу помал од оние кои чекаат на вакцинација, државата не треба да се однесува поинаку кон двете групи“, изјави Меркел за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Таа истакна дека мора да биде јасно потенцирано дека вакцинираните лица не го пренесуваат вирусот и додаде дека компаниите можат да воведат посебни правила за вакцинираните лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Расмусен: Данска е подготвена да стори повеќе, а САД веќе имаат широк воен пристап до Гренланд

Француската влада преживеа гласања за недоверба

Трамп побара од Данска да се повлече од Гренланд