Утрински Весник
Свет

Меркел и Макрон двапати го напуштија самитот: „Нема свест дека целата Унија ќе отиде во пропаст“

Меркел и Макрон двапати го напуштија самитот: „Нема свест дека целата Унија ќе отиде во пропаст“

Во два наврати лидерите на Франција и Германија, Емануел Макрон и Ангела Меркел, многу незадоволни, нагло ја напуштија четиридневната средба на лидерите на ЕУ во Брисел. Тие го напуштија самитот затоа што оценија дека не постои реална волја меѓу партнерите во ЕУ за солидарност и помош на оние што се најтешко погодени од коронавирусот, како и свесност дека без тоа целата Унија ќе отиде во пропаст.

Но, пред денешната нова рунда состаноци, тие ставија до знаење дека „многу претпазливо се надеваат“ дека е можен договор, затоа што постои рамка за решение за значителна помош за закрепнување на Унијата од тешките економски и социјални последици од епидемијата. Ова за медиумите го пренесоа француски и германски официјални лица на сесијата, додека канцеларката Меркел, доаѓајќи на самитот, изјави дека „е постигнат напредок што дава надеж за договор денеска“.

„Доаѓам со голема решеност да се случи напредок, иако сè уште ништо не е решено“, им рече Макрон на новинарите, кој за време на самитот ја критикуваше „штедливата четворка“ – Холандија, Данска, Австрија и Шведска, на кои им се придружи и Финска, заради нивното барање значително да се намали предложениот фонд на субвенции и заеми и дека неповратната помош за најзагрозените земји да биде условена од структурни реформи.

„Штедливата четворка“ и Финска излегоа со најновиот предлог да се намалат субвенциите од 500 милијарди евра на 350 милијарди евра и да се намали предложениот повеќегодишен буџет на ЕУ од 1 милијарда и 75 милијарди евра со заеми од 250 милијарди.

Другите членки на ЕУ, сметаат официјалните лица во Брисел, можеби би можеле да прифатат конечна спогодба од 390 милијарди евра субвенции, но Берлин и Париз ставија до знаење дека долната граница е 400 милијарди, а Макрон рече дека е „подобро да заминат без договор, отколку со лош компромис“.

Според изворите, францускиот претседател остро го критикувал најтешко во „педесеттата“, холандскиот премиер Марк Руте, како и австрискиот канцелар Себастијан Курц.

„Прашањето е следно“, рече Макрон, „или лидерите на ЕУ, одговорни пред народите на Европа, ќе можат да градат единство и доверба, или со раздор ќе им покажеме дека Европа е слаба, распарчена од недоверба?“

Германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ посочи денеска дека „ако не успее проектот за помош од стотици милијарди евра, Европската Унија ќе мора сериозно да ги преиспита своите причини за постоење“.

„Штедливата четворка“ и Финска исто така веруваат дека помошта мора да им се даде на членовите што се најтешко погодени од пандемијата, кои сами не можат да се справат со падот на економската активност заради презадолженост и недостаток на сопствени средства, но само така за да „се потроши само она што е заработено”.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници