Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Меркел за ситуацијата во Авганистан: Минуваме низ тешки часови

Меркел за ситуацијата во Авганистан: Минуваме низ тешки часови
Img 7972

Минуваме низ тешки часови, сега треба да се концентрираме на спасување на луѓето, рече германската канцеларка Ангела Меркел во врска со ситуацијата во Авганистан.

На седницата на претседателството на нејзината Христијанско -демократска унија (ЦДУ), Меркел посочи дека ситуацијата на аеродромот во Кабул покажува дека безбедноста е можна само со американски војници.

Канцеларката нагласи дека одлуката за повлекување од Авганистан ја донеле Американците.

Таа посочи дека одлуката е донесена од внатрешно-политички причини.

„Имаше домино ефект по повлекувањето на силите“, рече Меркел во својата прва изјава поврзана со ситуацијата во Авганистан.

Таа се осврна и на можниот бран бегалци од Авганистан, додавајќи дека сега зависи од Талибанците и ситуацијата на границите дали Авганистанците ќе можат да ја напуштат својата земја.

Таа нагласи дека е во интерес на Германија, Авганистанците да се снабдуваат на лице место и посочи на потребата од тесна соработка со Турција.

Можете да прочитате

Екс кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција

Во Белгија приведени осум лица при истрага за меѓународна пирамидална шема за измами

Орбан: Без руска енергија, унгарската економија ќе пропадне