Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека треба да се стори се за да се постигне трговски договор меѓу Европската унија и Велика Британија.
„ Секоја можност да се постигне договор е исклучително добредојдена“, рече Меркел на прес-конференција во Берлин.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и британскиот премиер Борис Џонсон вчера имаа разговори во Брисел, но не постигнаа договор. Тие порачаа дека сепак, преговорите продолжуваат понатаму.
„ И покрај заморот по скоро една година разговори и покрај прекршувањето на сите рокови, заклучивме заедно дека во моментот единствената одговорност е да се продолжи“, рече Лајен по состанокот со Џонсон.
Велика Британија се повлече од ЕУ на 1 јануари, но е неформална членка до 31 декември, кога официјално завршува преодниот рок за време на кој беше дел од единствениот пазар и царинската унија.