Утрински Весник
Свет

„Меркел го излудува Трамп бидејќи е интелигентна“, открива внуката на претседателот во нејзината книга

„Меркел го излудува Трамп бидејќи е интелигентна“, открива внуката на претседателот во нејзината книга
Dik 300x250 mk

Во познатата книга „Премногу и никогаш доволно – како моите роднини го создадоа најопасниот човек на светот“, внуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Мери Трамп, жестоко се пресметува со својот чичко.

Меѓу останатото, открива дека во основата на проблематичниот однос спрема германската канцеларка Ангела Меркел е што таа е поинтелигентна од него.

„На интелектуален план таа жена би го победила со голема леснотија. Мислам дека тоа не може да го поднесе, го излудува“, изјавила Мери Трамп пред објавувањето на книгата во Германија.

Втората причина, тврди таа, е што Меркел е јака жена.

„Доналд не се снаоѓа со јаки жени“.

Мери Трамп вели дека ја објавила книгата со цел да им пружи на американските граѓани важни информации во пресрет на претстојните избори на есен – информации кои не им биле достапни за време на изборите во 2016 година.

Книгата на Мери Трамп беше објавена на 14 јули, и покрај обидите на Белата Куќа да се спречи тоа.

Мери Трамп, која инаку е клинички психолог, во книгата наведува дека однесувањето на Трамп е „закана за светското здравје, економската безбедност и општеството“, е наследено од детството.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил