Утрински Весник
Свет

Меркел: Британскиот вид на вирусот е поопасен кај младите

Меркел: Британскиот вид на вирусот е поопасен кај младите

Видот на коронавирусот, кој првпат беше откриен во Велика Британија, а сега се шири во Германија, е поопасен кај младите, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

„Докажано е дека британскиот вид е поопасен за децата и младите, па затоа мора заштитата на училиштата да ја одредиме како наш приоритет“, им рече Меркел на пратениците, а пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Трамп стопира напади врз Иран две недели

Италијанскиот министер за одбрана: Светот полуде

Иранскиот потпретседател: Не се плашиме од Трамп