13 февруари 2020
Конференција од страна МТСП Министеката Рашела Мизрахи на 10 02 2020 цитирам
По доставена претставка до Министерството за труд и социјална политика, денеска дојдовме во Берово заедно со инспекција од МТСП за вонреден инспекциски надзор и направивме увид за одреден случај.
Имено се работи за 11-годишно девојче коешто на 24 јануари е донесено во Берово од Центарот за социјални работи во Кочани, штитеничката е моментално во мал групен дом, згрижена. Апелирам дека треба да се изработат стандардни оперативни процедури со коишто ќе можеме интервентно да реагираме во вакви случаи!
Министерство за труд и социјална политика
– Меѓуопштински Центар за социјална работа – Скопје
–
ЗАКЛУЧОЦИ:
Создавање на ИНТЕРВЕНТЕН ГРУПЕН ДОМ со СТРУЧЕН ТИМ за да одговори на ваквите деца како што е девојчето од Кочани.
Создавање на МЕДИЈАТОРИ за семејствата,
– имено МАЛИТЕ ГРУПНИ ДОМОВИ согласно ПРАЈТ програмата несмаат и неможе да е ИНТЕРВЕНТЕН како што е случајот со 11 годишно девојче. не постои соодветен систем и постапка за регрутирање на подобни/соодветни згрижувачи и згрижувачки семејства
– обуката за добивање на сертификат(PRIDE) за згрижувач/посвојувач е несоодветна и нецелосна
– згрижувачите и згрижувачките семејства немаат содветна поддршка од социјалните работници
– нема соодветна контрола од социјалните работници и не се водат интегрирани досиеја за децата
– малите групни домови немаат соодветен кадар за рехабилитација и интеграција на децата и лицата
– малите групни домови во моментов не се „стратешко“ и системско решение
РЕШЕНИЈА:
Коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп МЕНУВАМЕ ги повикуваме Владата на Македонија и МТСП на работна средба горенаведенте ТОЧКИ поточно CBR социјална и правна помош.
__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки