Утрински Весник
Македонија

Мендух Тачи смета дека избори може да има во јуни

Мендух Тачи смета дека избори може да има во јуни

Тетово, 11 мај 2020 (МИА) – Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи смета дека во јуни треба да има избори. Тој на денешната прес-конференција истакна дека изборите се важни за да се заздрави економијата во наредниот период.

-Мислам дека после празникот Бајрам (н.з 24 мај) по 21, 22 дена да имаме избори. Многу е важно да има избори затоа што покрај оваа битка со вирусот ни претстои уште една голема битка, битка за економско опоравување на нашиот народ, смета Тачи.

Тој истакна дека треба да се отворат верските објекти, порачувајќи дека битката со вирусот ќе трае и ќе треба да се живее со Ковид-19.

Препочитувам да се отворат и религизоните објект, но многу претпазливо со голема одговорноста на раководителите на тие објекти и на луѓето што работат. Со почитување на сите мерки. Претпочитувам да се олабават сите условно речено стегнати ситуации од страна на Владата но во ист момент тоа не значи дека од кога ќе олабават овие мерки дека и ние како граѓани ќе олабавиме. Напротив секој ќе се однесува одговорно што значи миење на раце, дистанца, ракавици и носење на маска, рече Тачи. ас/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор