Утрински Весник
Магазин

Менди Мур зрачи со гордост додека го држи петмесечното бебе: Љубовта на мојот живот

Менди Мур зрачи со гордост додека го држи петмесечното бебе: Љубовта на мојот живот
Dik 300x250 mk

Холивудската актерка Менди Мур е воодушевена што е „тазе“ мајка.

Во неделата, 37-годишната ѕвезда на This is Us („Ова сме ние“) сподели преслатка фотографија додека го држи својот петмесечен син Гас.

„Нема веќе застрашувачки недели со ова момче. Пет месеци со њубовта на мојот живот “, напиша Менди во најновата објава на Инстаграм.

Фотографијата е направена преку рамото на Мур и ја прикажува актерката која се смее со видлива мајчинска радост додека го држи своето бебе.

Менди го има Гас со нејзиниот сопруг музичар Тејлор Голдсмит (35), со кого го венча во ноември 2018 година. Таа објави дека е бремена со своето прво дете во септември 2020 година а се породи во февруари 2021 година.

Можете да прочитате

Скандал во Велес: Цеца го прегрна бугарското знаме!

Темните фармерки нема да избледат ако ја додадете оваа состојка во машината за перење

Малезискиот корона-град на духови полека заживува