Утрински Весник
Спорт

Менди е нов рекордер во ЛШ, има најмногу „чисти мрежи“

Менди е нов рекордер во ЛШ, има најмногу „чисти мрежи“
Dik 300x250 mk

Голманот на Челси, 29-годишниот Едуард Менди има дополнителна причина за славје по освоената титула за „сините“, но и поради фактот што вечерва во Порто неговата мрежа остана незатресена.

Со тоа тој стана рекордер во Лигата на шампионите. Ја зачува мрежата нечепната на 9 од 12 натпревари сезонава во Лигата на шампионите, нешто што не му успеало на ниеден голман претходно.

Вечерва во Порто докажа дека Петр Чех бил во право што инсистирал тој да биде ангажиран како замена на Кепа Аризабалага.

Трофејот во ЛШ за Менди е најголемиот во кариерата, а тој е и првиот Африканец – голман кој го кренал драгоцениот пехар.

> Менди е нов рекордер во ЛШ, има најмногу „чисти мрежи“ <

Можете да прочитате

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа