Поранешниот германски репрезентативец Шкодран Мустафи се наоѓа пред трансфер во еден од најголемите светски клубови. Барселона наредното лето сака да го донесе Мустафи во слободен трансфер.
Дека се водат преговори помеѓу Барселона и Мустафи потврдил менаџерот на фудбалерот.
„Не сум во Барселона дојден поради Јусуф Демир, туку поради Мустафи од Арсенал, чии интереси исто така ги застапувам“, рекол менаџерот Емре Озтурк.
Мустафи е играч на Арсенал од 2016 година, но оваа сезона ја нема довербата од менаџерот Микел Артета. Има одиграно само осум натпревари од стартот на сезона, додека во Премиер лигата играл само два пати.
Пред Арсенал, Мустафи, бил играч на Валенсија и Сампдорија.
> Менаџерот на Мустафи: Преговараме со Барселона <