Утрински Весник
Спорт

Менаџерот им го понудил Вајналдум на Баерн

Менаџерот им го понудил Вајналдум на Баерн

Барселона нема да го добие Жоржињо Вајналдум од Ливерпул. Холанѓанецот, по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч, долго време се поврзува со трансфер во Барселона, меѓутоа неговиот менаџер им го понудил на Баерн Минхен.

Јасно е дека Барселона, за да ги исполни финансиските барања на Вајналдум, ќе мора да се натпреварува со клубови кои немаат финансиски проблеми.

Гостувајќи во подкастот на Спорт1, менаџерот Хемфри Нијман, рекол дека неговиот клиент нема да остане во Ливерпул и во исто време испратил порака во Минхен.

„Вајналдум наскоро ќе биде слободен играч што ги остава отворени опции за неговата кариера. Баерн е одличен клуб, ако се заинтересирани треба да разговараат со нас“, порачал Нијман.

> Менаџерот им го понудил Вајналдум на Баерн <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара