Утрински Весник
Магазин

Мел Гибсон на прошетка со девојката

Мел Гибсон на прошетка со девојката

Тој помина една недела во болница во април, откако беше тестиран позитивен на Ковид-19.

А сега, четири месеци по тестирањето за новиот коронавирус, легендарниот актер и режисер Мел Гибсон (64) изгледа среќен и здрав за време на прошетка низ Малибу, со долгогодишната девојка Розалинда Рос (30).

64-годишниот Гибсон се држеше за рака со својата многу помлада придружничка, додека одеа кон познатиот трговски центар со бутици и ресторани „Малибу Кантри Март“, каде што седнаа на маса за да се освежат со пијалак и разговор со еден пријател.

Придржувајќи се кон здравствените и безбедносни протоколи, ѕвездата на Braveheart („Храбро срце“) носи марама околу вратот во случај да дојде во близок контакт со луѓето од околината.

Тие останаа на отворено цело време додека се релаксираа во познатиот трговски центар.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста