Утрински Весник
Спорт

Мелоун одбил да учествува во „Последниот танц“

Мелоун одбил да учествува во „Последниот танц“

Чикаго, 20 мај 2020 (МИА) – Режисерот на документарецот „Последниот танц“, Џејсон Хехер откри во „Шоуто на Ден Патрик“ дека две поранешни sвезди на Јута Џез одбиле покана да дадат свое гледиште во филмот.

Легендата Карл Мелоун и неговиот поранешен соиграч Брајан Расел ја одбија понудата за учество, а единствениот играч на Јута кој ја сподели својата визија за плеј-офот во 1998 година во филмот беше Џон Стоктон.

Лидерот по асистенции во НБА, исто така, не покажал многу желба да учествува во филмот. Хехер рече дека му биле потребни две години за да го убеди легендарниот плејмејкер да се појави во филмот.

– Конечно стигнав до телефонски разговор со Стоктон по две години обидување, рече Хехер, кој додаде дека тој предложил Мелоун да седи до Стоктон за да се чуствува поудобно, но едноставно не можеле да го убедат.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари