Утрински Весник
Свет

Мексиканскиот претседател барал од Трамп помилување за Асанж

Мексиканскиот претседател барал од Трамп помилување за Асанж

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека побарал од поранешниот американски претседател Доналд Трамп помилување за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Како што вели, минатата година му ја повторил на Трамп понудата за азил за Асанж.

Лопез Обрадор изјави дека побарал помилување за Асанж во писмото што му го испратил на Трамп додека бил претседател на САД, но изјавил дека Мексико не добил одговор на писмото.

„ Би било знак на солидарност, братство, да добиеме азил во земјата во која Асанж одлучува да живее, вклучително и Мексико“, рече Лопез Обрадор.

Тој изјави дека доколку добие азил во Мексико, Асанж нема да може да се меша во работите на други земји и нема да претставува никаква закана, пренесува „Ројтерс“.

Високиот суд во Лондон во декември ја поништи одлуката на понискиот суд Асанж да не биде предаден на американското правосудство и со тоа го отвори патот за негова екстрадиција во САД.

Американските власти го обвинуваат Асанж (50), роден во Австралија, за 18 точки од обвинението во врска со објавувањето на огромни количини на доверливи американски воени документи и дипломатски пораки од Викиликс, кои наводно ги загрозиле животите на некои луѓе кои им помагале на САД во воените зони.

Можете да прочитате

Спречен заговор за убиство на Орбан

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа