Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Медицински сестри во Сиднеј повикани на работа иако се позитивни на ковид

Медицински сестри во Сиднеј повикани на работа иако се позитивни на ковид
Img 7972

Медицинските сестри кои се позитивни на Ковид се повикани да работат во болниците низ Нов Јужен Велс, што е спротивно на државните здравствени протоколи.

Сепак, раководителите на болниците прибегнуваат кон очајни мерки со цел здравствените установи да го издржат притисокот создаден од ширењето на омикрон, пишува лондонскиот весник „Гардијан“.

Во државата Нов Јужен Велс, јавните болници вклучуваат три локални здравствени области, вклучувајќи ги главните болници во Сиднеј и помалите регионални здравствени установи.

Во една болница во Сиднеј, медицински сестри кои се позитивни на ковид се ангажирани да работат во одделенијата за ковид, меѓутоа, во други болници има случаи на работа со пациенти кои не се заразени.

„ Господ да му помогне на секој пациент кој не е заразен со Ковид во болница во моментот. Тие се како голи мети (за вирусите)“, рече една медицинска сестра во разговор со новинарот на „Гардијан“.

За време на новогодишната ноќ во Нов Јужен Велс, беше објавено ослободување од протоколот за работниците кои треба да бидат во седумдневна изолација и нивно враќање на работа доколку им се дијагностицираат асимптоматски случаи и ако работодавачот ги прогласи за неопходни за извршување активности.

Сепак, портпаролот на Министерството за здравство потврди дека медицинските сестри позитивни на ковид не спаѓаат под ова ослободување.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори