Утрински Весник
Македонија

Медицински персонал од Кичево на помош во Инфективната клиника и болницата „8 Септември” во Скопје

Во Кичево четворица кои имале контакт со заразеното лице со коронавирус се негативни

Кичево, 15 јуни 2020 (МИА) – Осум медицински сестри вработени во кичевската болница од саботата се ангажирани како помош за персоналот во Инфективната клиника во Скопје, а доктор од истата здравствена институција во Кичево помага во скопската градска болница „8 Септември“.

По барање на Министерството за здравство за помош од здравствени работници, болницата во Кичево се одзваа со осум медицински сестри и еден доктор.

– Испратени се осум медицински сестри и еден доктор , кои во Скопје ќе престојуваат две седмици. Го почитувавме барањето да бидат стручни за работа во вакви услови, бидејќи сите се искусни здраствени работници кои долг период работаат во нашата болница, изјави директорот на Општатата болница во Кичево д-р Станко Трпески.

Тој вели дека отсуството на овие девет лица нема да се одрази на редовното работењето во болницата во Кичево.

Сите медицински сестри и докторот кои од Кичево заминаа во Скопје, се сместени во хотел за време на двонеделниот престој таму, додаде д- р Трпески. рз/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов