Утрински Весник
Свет

Медиуми: Фронтекс вмешан во илегално спречување на мигрантите да стигнат до Европа

Медиуми: Фронтекс вмешан во илегално спречување на мигрантите да стигнат до Европа

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража – Фронтекс се соочува со обвиненија од медиумите, дека е вмешана во илегално спречување на мигрантите за стигнат до Европа. Како што пренесува АП, тоа се однесува на враќањето на мигрантите преку грчките острови.

Медиумските мрежи „Белингкат“, „Лајтахус рипортс“ „Дер Шпигел“, АРД и ТВ Асаши, спровеле истрага чии резултати се објавени во октомври, а во кои се наведува дека видео снимки и други достапни материјали укажуваат дека Фронтекс е вмешан во еден инцидент на турско-грчката поморска граница во Егејското море.

Во извештајот се наведува дека вработените во агенцијата присуствувале во уште еден инцидент, како и дека имало и четири други од март.

Фронтекс најави спроведување интерна истрага, додека извршниот директор на агенцијата, Фабрис Леџери во октомври рекол дека не се пронајдени документи или други материјали кои поткрепуваат какви било обвиненија дека вработените го прекршиле законот или кодексот за однесување на Фронтекс.

Тој истакнал дека агенцијата не толерира никакво крешење на фундаменталните права во своите активности.

Одборот на Фронтекс се состана минатиот месец за да ги разгледа обвиненијата кои се упатени кон агенцијата, по што соопшти дека Европската комисија наредила да одржи следен клучен состанок за две недели за да подетално ги разгледа одговорите на агенцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната