По пет дена неизвесност, американските медиуми го проектираат Џо Бајден како победник на претседателските изборите во Америка. Заедно со него е избрана и Камала Харис, првата жена потпретседател на САД.
Откако пристигнаа резултатите од Пенсилванија, која носи 20 избирачки гласови, медиумите го прогласија демократскиот кандидат за победник.
Бајден вчера го сврте резултатот во две клучни земји. Тој го стори тоа најпрво во Џорџија, а потоа и во Пенсилванија, што е уште позначајно затоа што оваа сојузна држава носи дури 20 избирачки гласови.
Доцна вечерта, по источно американско време, тој одржа говор во кој рече дека сè уште нема конечна објава за победа, но изрази сигурност дека ќе победи во оваа трка.
Соочен со изборен пораз, американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот во Белата куќа изврши невиден напад врз избирачкиот процес, обвинувајќи ги демократите, медиумите и финансиерите за кражба на неговиот, како што рече, глатко и убедливо освоен втор мандат.
„Ако ги сметате само легалните гласови, јас глатко победив“, им рече Трамп на новинарите кои немаа можност да поставуваат прашања.