Утрински Весник
Спорт

Медведев шокиран од холандски анонимец во финалето на Хертогенбош

Голем шок во Холандија доживеа Данил Медведев кој во финалето на турнирот во Хертогенбош загуби од Тим ван Ријтовен. Холандскиот тенисер, кој е на 205. позиција во светот, приреди вистинска сензација и со 6:4, 6:1 го фрли на колена Данил Медведев.

Финалето траеше само 61 минута, а холандскиот тенисер направи чудо во своето прво АТП финале.

Интересно е тоа што Холанѓанецот во кариерата има играно само на еден АТП турнир во главната фаза, а сега ги победи Метју Ебден, Тејлор Фриц, Хуго Гастон, Оже-Алијасим…

Целата приказна доби дополнителна тежина ако се знае дека Ван Ријтовен дојде на турнирот во Хертогенбош благодарение на специјална покана.

> Медведев шокиран од холандски анонимец во финалето на Хертогенбош <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал