Утрински Весник
Свет

Медведев: Условите на Зеленски се категорични до идиотизам

Dik 300x250 mk

Дмитриј Медведев денеска изјави дека условите што ги постави претседателот на Украина Володимир Зеленски за примирје не се остварливи.

„ Условите што Зеленски ги поставува за примирјето се категорични до идиотизам и во принцип неостварливи“, истакна во Телеграм заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, пренесе ТАС С.

Тој рече дека претседателот на Украина бара повторно да се украдат Донбас и Крим, како да не е свесен за волјата на нивните жители. Медведев рече и дека сојузот меѓу Германија и Полска, кој ја ескалира ситуацијата околу Украина, ќе има корист доколку таа земја исчезне од картата.

Тој укажа на изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Германија нема да го прифати мировниот договор што го наметна Русија, а тоа е истиот став што го има и Украина.

„ Зошто на Шолц му треба Украина? Не мора да одите далеку во барањето одговори. Полско-пруската алијанса, која ја ескалира ситуацијата со сите сили и го турка пореметениот Зеленски на сè покатастрофални изјави и акции, би имал голема корист ако државата Украина исчезне од картата“, вели Медведев.

Можете да прочитате

Трамп го помилува основачот на најголемата светска криптоберза „Бинанс“

Орбан: Мировниот самит во Будимпешта меѓу Путин и Трамп е сè уште на агендата

Најмалку четири лица загинаа во експлозија во Украина