Утрински Весник
Свет

Медведев: Украина може да исчезне од картата

Украина како земја би можела да исчезне од картата „како резултат на развојот на настаните“, напиша поранешниот руски претседател и заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија Димитри Медведев на својот канал Телеграм, пренесува руската прорежимска новинска агенција ТАСС.

dobivaj vesti na viber

Според ТАСС, Медведев тврди дека Украина уште во 2014 година „почнала да верува дека НАТО ќе ја гарантира нејзината безбедност“.

„По државниот удар во 2014 година, Украина ја загуби својата национална независност и падна под директна контрола на колективниот Запад и почна да верува дека НАТО ќе ја гарантира нејзината безбедност“, рече Медведев, додавајќи дека „како резултат на сите актуелни настани“, може да се случи Украина „да го изгуби она што остана од нејзиниот државен суверенитет и да исчезне од светската мапа“.

Медведев изјави дека „украинските криминалци дефинитивно ќе бидат кривично гонети за злосторствата извршени врз народот на Украина и Русија“, пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Истакнати Италијанки, вклучително и Мелони, жртви на онлајн скандал

Захарова: Гаѓаме само воени цели, украинската ПВО погодува цивилни објекти

Израел ја нападна Сана додека лидерот на Хутите држеше говор