Утрински Весник
Свет

Медведев и се заканува на Европа: Ве чекаат празни полици, хиперинфлација и банкрот

Медведев и се заканува на Европа: Ве чекаат празни полици, хиперинфлација и банкрот

Дмитриј Медведев, поранешниот руски премиер и потпретседател на рускиот Совет за безбедност, вели дека „европскиот финансиски систем не е стабилен“ и дека „Европејците ја губат довербата“.

Според руската прорежимска агенција ТАСС, блискиот соработник на Путин, Медведев ги коментирал неодамнешните изјави на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, која рече дека банкротот на Русија е „прашање на време“.

Банкротот на Русија може да доведе до банкрот на Европа, напиша Медведев на својот канал Телеграм.

Што се однесува до изјавите на Фон дер Лаен, Медведев пишува дека тие „не се занимаваат со страдањата на луѓето, со крајот на специјалната воена операција или со желбата за мир во Украина, туку со банкрот на Русија“.

Можете да прочитате

Сајбер-напад создаде хаос на неколку европски аеродроми

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени