Утрински Весник
Магазин

Меган и Хари објавија божикна честитка со малиот Арчи

Меган и Хари објавија божикна честитка со малиот Арчи

Војводата и војвотката од Сасекс објавија божикна честитка на која уживаат со својот син Арчи во дворот на семејната куќа.

Станува збор за обработена слика што ги прикажува тројцата со две кучиња, а се верува дека е создадена во нивниот дом во Калифорнија.

Дизајнот на честитката беше откриен откако една беше испратена до „Mejhjuu“, организација за заштита на животни, а потоа беше објавена на социјалните мрежи.

Сликата е создадена врз основа на фотографија направена од мајката на Меган Маркл, Дорија Рагланд.

Британскиот принц Хари и Меган се повлекоа од кралското семејство оваа година и сега живеат во САД.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 18 февруари 2026

Кафето и чајот поврзани со помал ризик од деменција, покажуваат истражувањата

Соло патник откри пет европски градови каде што не се чувствува безбедно