Утрински Весник
Македонија

МД „Илинден“: Образованието на мајчин јазик е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ

МД „Илинден“ – Тирана ги повика Македонците во Албанија да гласаат на изборите на 12 април

Тирана, 21 февруари 2020 (МИА) – Македонското друштво „Илинден”, со седиште во Тирана и разгранокот за Голо Брдо, по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 февруари, упати честитка до македонското национално малцинство во Албанија, како и до сите Македонци ширум светот.

– Честитајќи Ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчин јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонско потекло во Албанија значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите културни и верски традиции, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо, Или Халилај.

МД „Илинден“ додава дека заложба на друштвото е Македонците, каде и да живеат во Република Албанија, да им се овозможи правото на образование на мајчин македонски јазик.

Во честитката, на која стои и македонската азбука, се потсетува дека Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, се одбележува од 1999 година, со цел промовирање на јазичната култура и разновидност, како и повеќејазичноста. вт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути