Утрински Весник
Македонија

МДС: Шест месеци раководството на МНР одбива да ја спроведува исплатата на ратите за кредити на вработените за купени стоки и услуги со одбивање од нивните лични доходи

Македонски дипломатски синдикат: Тивко убивање на македонската дипломатија со новиот закон

Скопје, 22 април 2020

Веќе шест месеци раководството на МНР одбива да ја спроведува исплатата на ратите за кредити на вработените за купени стоки и услуги со одбивање од нивните лични доходи. Од сите државни институци каде што се регистрирани наши сестрински синдикални организации во рамките на Конфедерацијата на слободни синдикати, МНР е единствената институција што одбива да го направи ова. Ваквото самоволие на мала група луѓе се случува и покрај добиеното позитивно мислење на внатрешните правни служби во Министерството.

Во насока на подобрување на економската положба на вработените Македонскиот дипломатски синдикат во повеќе наврати барал започнување на реализацијата на пристигнатите и идните административни забрани за членовите на МДС. За жал дури и барањата за средби се игнорираат и не добиваме никаков одговор од раководството.

Укажуваме дека ваквото однесување, особено во време на епидемијата на Корона вирусиот, е крајно неодговорно, неколегијалано и несолидарно и директно ги руши напорите на Владата за надминување на последиците од кризата.

Повикувајќи на конструктивност и примена на законската регулатива со цел сочувување на дигнитетот на Министерството и одбегнување на судски постапки/трошоци кои ќе бидат покренати од страна на фирмите доверители, бараме најитно започнување на реализацијата на пристигнатите и идни административни забрани за членовите на МДС.

Македонски Дипломатски Синдикат

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот